Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по голема борба и со пресврт се избори за четвртфинале на фјучрс турнирот во Скопје.
Ѓорческа по 3 часа и 4 минути игра во осминафиналето ја совлада Рина Саиго со 2:1.
Јапонската тенисерка го доби првиот сет во тај-брејкот со 7-3 на поени.
Тоа како да ја разлути Ѓорческа која во следните два на противничката и препушти по два гема (6-2 и 6-2).
Ѓорческа која е четврта носителка, утре во четвртфиналето ќе игра против Сада Нахимана од Бурунди (22 години, 292 место на ВТА).