Лина Ѓорческа по голема борба и со пресврт се пласира во втората рунда на турнирот во Скопје.
Ѓорческа по по 2 часа и 40 минути игра, со 2-1 во сетови победи Унгарката, Лука Удварди.
Во првиот сет, Удварди водеше со 4:1, а Лина со серија од четири гема поведе со 5:4, потоа и со 6:5. Но. тоа не беше доволно да го освои сетот кој и припадна на противничката во тај-брекот со 7:0 на поени.
Ѓорческа брзо се врати во игра го доби вториот сет со 6:2 и се избори за решавачки сет.
Во него, по 1:0 за Унгарката, Ѓорческа по трет пат во мечот прави серија од четири гема за 4:1 со ја најави победата, а сетот го доби со 6:2.
Во следното коло противничка на Ѓорческа, ќе и биде Рина Саиго од Јапонија.