Првиот полуфинален меч на УС Опен кај дамите меѓу Коко Гав и Каролина Мухова покрај врвниот тенис го одбележа и инцидент на трибините.
Имено по 45 минути игра, а по првиот гем од вториот сет се случи бизарна сцена.
Тројца еколошки активисти облечени во маици со натпис „Крај на фосилните горива“ со нивните извици и пароли, спречија натпреварот да продолжи.
Откако тенисерките минаа 20-тина минути на терен, а потоа и се повлекоа, активистите не престануваа.
Обезбедувањето и полицијата долго време не можеа да ги тргнат од трибините, бидејќи беа врзани со синџири за седиштата.
Прекинот траеше 50-тина минути, по што Гоф и Мухова го продолжија мечот.
Тоа ми беше добредојдено на двете тенисерки кои одиграат фантастичен втор сет, по кој младата Американка се пласира во финалето.