Младиот американски тенисер Бен Шелтон е противникот на Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на УС Опен.
20-годишниот Шелтон по голема борба и 3.часа и 7.минути игра, во четвртфиналето го победи сонародникот Френсис Тиафое со 3:1 во сетови
6:2, 3:6, 7:6 (9:7), 6:2.
Првиот сет го доби Шелтон со 6-2, но Тиафо возврати во вториот сет со 3-6.
Се чини дека клучен за исходот беше третиот сет, кој му припадна на Шелтон во тај-брејк 9-7 на поени.
47-мо рангираниот на АТП листата, Шелтон одигра брилијантно во четвртиот сет. Направи два брејка, на стартот и на крајот и со убедливи 6:2 го доби сетот, а со тоа и мечот.
Така Шелтон се избори за место во полуфиналниот дуел со Новак Ѓоковиќ закажан за во петок.