Легендарниот фудбалер Роналдињо повторно е пред апсење, пишуваат бразилските медиуми.
Тој и неговиот брат беа обвинети за измама со криптовалути поради која голем број луѓе останаа без пари.
Преку компанијата „18K“ тие наводно ги натерале луѓето да им платат по 30 долари во еквивалент на криптовалути и им гарантирале профит.
Роналдињо веќе неколку пати не се појави пред судот во Бразил, жалејќи се на лошите услови. Обвинителството бара од него да плати отштета од 61,2 милиони долари на измамените лица.
Роналдињо пред три години помина извесно време во затвор во Парагвај со својот брат. Тогаш фудбалскиот ас се обидел да влезе во земјата со лажен пасош, но успешно бил ослободен благодарение на адвокатите.