Познати се уште три екипи кои обезбедија пласман во групната фаза на Лигата на шампионите. Тимовите на Галатасарај, Брага и Јанг Бојс се пласираа во елитното натпреварување.
Ова откако вечерва се одиграа реванш дуелите од последната, плејоф, рунда.
Супер интересно беше во Истанбул, каде Галатасарај пред своите симпатизери по втор пат го совлада норвешкиот Молде. Овојпат турскиот тим славеше со 2-1 и со вкупни 5-3 се пласира во групната фаза.
Во Атина. Екипата на Брага одолеа на налетите на Панатинаикос па со 0-0 се пласира понатаму, откако првиот меч во Португалија го доби со 2-1.
Швајцарскиот Јанг Бојс по нерешените 0-0 на гостувањето во Израел, вечерва пред сојата публика славеше со убедливи 3-0.
Последните три екипи учеснички во групната фаза ќе ги дознаеме утревечер.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ПЛЕЈОФ (реванш)
вечерва
ПАНАТИНАИКОС (Грција) – БРАГА (Португалија) 2-1 (1-2 прва натпревар)
ГАЛАТАСАРАЈ (Турција) – МОЛДЕ (Норвешка) 2-1 (3-2)
ЈАНГ БОЈС (Швајцарија) – МАКАБИ ХАИФА (Израел) 3-0 (0-0)
утре
АЕК (Грција) – АНТВЕРПЕН (Белгија) (0-1)
КОПЕНХАГЕН (Данска) – РАКОВ (Полска) (1-0)
ПСВ (Холандија) – Г. РЕНЏЕРС (Шкотска) (2-2)
Ждрепката за групната фаза ќе се одржи во Монако во четврток (31 август).