На тениските терени на „Флешинг Медоус“ во Њујорк, денеска започнува последниот Грен слем турнир во сезоната, УС Опен.

Годинешниот награден фонд на УС Опен изнесува 65 милиони долари.

Победниците во машка и женска поединечна конкуренција заработат по 3 милиони долари, а поразените во финалето по 1,5 милиони долари.

Титулата во машка конкуренција ја брани Шпанецот Карлос Алкараз, кој лани во финалето на турнирот во Њујорк го совлада Каспер Руд.

Шпанецот кој е прв носител, за главен ривал секако ќе го има Новак Ѓоковиќ кому лани не би беше дозволен настап во Њу Јорк. Во 2021 година, Ѓоковиќ во финалето беше поразен од Русинот Данило Медведев.

Токму од овие двајца тенисери се очекува да играат повторно во финалето, и да го повторат мечот од Синсинати.

Трофејот на УС Опен во женска конкуренција ќе го брани најдобрата светска тенисерка од Полска, Ига Швјонтек, која лани во финалето го совлада Онс Џабер од Тунис.

Главна ривалка на Швјонтек, годинава се очекува да и биде Арина Сабаленка.

Четвртиот Грен слем турнир во сезоната има долга традиција од 142 години. 

Првиот УС Опен беше одигран во 1881 година. УС Опен се игра од 28 август до 10 септември.