Македонската таеквондистка Милијана Рељиќ освои сребрен медал на „Г1 Опен“ натпреварувањето кое се одржа во Талин, Естонија.
Мила со 3 победи и пораз пораз во финалето заврши како второ рангирана во својата категорија.
Во првото коло Мила беше подобра од Вилхемила Хаинонен од Финска со 2:0 во рунди.
Во второто, македонската таеквондистка ја совлада Лаура Гебер од Германија со 2:1 во рунди.
Во полуфиналето Рељиќ извојува победа над Каролине Гјелсвик од Норвешка исто така со 2:0 во рунди.
Во финалната борба извонредната Каролине Сантос од Бразил беше подобра (2:0 во рунди), иако во втората рунда резултатот беше 3:2.
Ова е 4 медал годинава за Мила од најсилните Г турнири од светската лига и нови поени за олимписката ранкинг листа.
Имено Мила пред 2 дена настапи на Европското Првенство во олимписки категории, каде беше 5-та, и блиску до медал.