Вечерва се одиграат три средби од последната плејоф рунда за пласман во групната фаза на Лигата на шампионите.

Дуелот во Глазгов, го заслужи приматот дерби, беа постигнати четири гола, можеше и повеќе, а Ренџерс и ПСВ одиграа без победник 2-2.

Домаќините во два наврати имаа водство преку Сима во 45-тата и Матондо 78-та минута. Но, холандскиот тим два пати успеваше да се врати во игра. Во 61-та Сангаре израмни на 1-1, а Лук Де Јонг во 80-тата ги постави конечните 2-2.

Другите два натпревари завршија до идентичен резултат 1-0. Копенхаген славеше на гостувањето во Полска кај Раков, додека во Белгија, Антверпен го победи атински АЕК.

Реванш дуелите на програмата се следната среда (30 август). утре пак ќе се играат нови три дуели.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ПЛЕЈОФ (прв натпревар)
вторник
АНТВЕРПЕН (Белгија) – АЕК (Грција) 1-0
РАКОВ (Полска) – КОПЕНХАГЕН (Денска) 0-1
Г. РЕНЏЕРС (Шкотска) – ПСВ (Холандија) 2-2
среда
БРАГА (Португалија) – ПАНАТИНАИКОС (Грција)
МАКАБИ ХАИФА (Израел) – ЈАНГ БОЈС (Швајцарија)
МОЛДЕ (Норвешка) – ГАЛАТАСАРАЈ (Турција)

Ждрепката за групната фаза ќе се одржи во Монако на 31 август.