Екипата на Тотенхем не е истата со и без Хари Кејн. Тоа најдобро се виде на денешниот натпревар на гости кај Брентфорд во кој „Спарс“ ремизираа 2:2.
Сите четири гола беа постигнати во првиот дел.
Гостите поведоа први и тоа во 11.минута со голот на Кристијан Ромеро, кој три минути подоцна се повреди.
Радоста на Тотенхем траеше до 26.минута, кога камерунскиот репрезентативец Брајан Мбеумио од пенал го совлада Викари.
Десет минути подоцна домаќините направија пресврт. Жоан Виза постигна гол за водство на Брентфорд од 2:1.
Со судиското дополнение на првото полувреме, Емерсон Ројал го искористи додавањето на Медисон и ги постави конечните 2:2 .
Тотенхем започна уште посилно во вториот дел, иако Брентфорд имаше две опасни ситуации пред Ричарлисон да шутира директно во Флекен во шеснаесетникот.