Македонските кошаркари попладнево ќе го одиграат вториот натпревар во пред-квалификациите за ОИ во Париз.
По вчерашниот убедлив пораз од Израел со 21 разлика (65-86), денеска ќе игра со домаќинот Естонија.
Естонците вчера во првиот дуел беа тесно поразени од Чешка (77-74).
Македонскиот селекторот Јончевски, причината за поразот вчерашниот пораз ја гледа во скок играта, а шансата за успех против Естонците во агресивната игра.
„Отсуството на голем број стандардни репрезентативци доведе во ротација уште во првата четвртина да влезат играчи кои за прв пат го носат дресот. Во понатамошниот дел од натпреварот, шанса добија сите, а се со цел да сочуваме сили за утрешниот натпревар со Естонија. Повторно се провлекува скокот, како примарен проблем каде што Израел, само во првото полувреме постигна дури 16 поени од т.н. ‘втора шанса’. Немаме многу време да се навраќаме на овој натпревар. Веќе утре играме со домаќинот кој на денешниот меч со Чешка покажа дека е конкурент за следната фаза. Секако, не сме се откажале. Ќе ја гледаме нашата шанса да покажеме борбена игра која би можела да ни донесе позитивен исход“, изјави селекторот Јончевски.
Денешниот дуел меѓу Македонија и Естонија што ќе се игра од 18 часот, е вториот на денешната програма во Талин.
Во првиот Чешка и Израел (15 часот) ќе се борат за својот втор триумф.