Стартот на новата сезона во шпанската Ла Лига им припадна на гостинските екипи. 

По победата на Рајо Ваљекано кај Алмерија, и Валенсија славеше во дербито кај Севиља со 2:1.

Иако во првиот дел се играше отворено, а двата тима имаа добри шанси за гол селак резучтатот остана 0-:0.

Трите гола беа постигнати во второто полувреме. Во 60-тата минута гостите поведоа со  голот на Диакаби.

Веќе во  69.минута беше 1:1. По одлична акција на Севиља, Сусо го пронајде Ен Незири во шеснаесетникот, кој со глава погоди за израмнување.

Валенсија до трите бодови стигна преку Хави Гуера во 82-та минута. Севиља можеше да израмни во судиското дополнение, но стативата беше сојузник на тимот од „Местаља“.