И покрај големите проблеми со дождот на организаторите, доминацијата на Макс Верстапен продолжи и на денешниот ден кој беше резервиран за спринт трките.
Летечкиот холанѓанец најпрво се избори за пол-позиција на утрешната трка во квалификациите кои се возеа вчера. Денеска доминираше во квалификациите за спринт трката и на спринт трката која се одржа неколку часа подоцна.
За Верстапен ова е втор триумф на спринт трките оваа година, откако победи и во Австрија.
На второто место се пласираше возачот на Мекларен Пиастри додека на подиумот се изкачи и изненадувањето Гасли од тимот на Алпин.
Најдобрата осумка на денешниот спринт кои освојуваат бодови ја комплетираа двајцата возачи на Ферари, Саинц и Леклерк.
Хамилтон кој на крајот заврши седми поради казната од пет секунди и сударот со Перез од Ред Бул и осми заврши Расел од Мерцедес.
Со новите осум бодови, Макс сега има 289 бода, пред Перез со 171 и Алонсо со 139 бода.
Трката за ГН на Белгија на патеката СПА се вози утре со почеток од 15.часот. Од пол-позицијата ќе стартува Леклерк од Ферари.
Освојувачот на пол-позицијата Макс Верстапен ќе стартува од шестотто место поради замена на менувачот на неговиот болид.