Екс капитенот на Барселона, Џорди Алба ќе биде претставен како нов фудбалер на Интер од Мајами.

Првиот човек на клубот од Флорида, Хорхе Мас, во изјава за американските медиуми го потврди трансферот.

„Алба денеска ќе потпише за нашиот клуб“, изјави Мас.

Ова ќе биде трето доаѓање на поранешен играч на Барселона во Интер ова лето, откако тоа го направија Лионел Меси и Серхио Бускетс.

Дека од нив тројца се очекува многу потврди и косопственикот на клубот Дејвид Бекам. Тој е најзаслужен што Меси, Бускетс и Алба завршија во Соединетите Американски Држави.

„Тие се врвни играчи, сите го знаат тоа, но да им дадеме малку време да се прилагодат на американскиот стил на фудбал. Не се сомневам дека ќе се покажат во најдобро светло, само ги молам навивачите да имаат малку трпение. “ изјави Бекам.