Карлос Алкараз е вториот финалист на Вимблдон. Светскиот рекет број 1, Алкараз во полуфиналето беше подобар во три сета од Русинот, Данил Медведев (3:0).
Младиот Шпанец доби првиот сет по нешто повеќе од половина час игра. Клучен беше брејкот во осмиот гем, а потоа на свој сервис го соби сетот со 6-3.
Во вториот сет иако Медведев прв имаш можност за брејк, противникот не му го дозволи тоа. Напротив, Алкараз направи два брејка повторно со 6-3 го доби сетот за водство од 2:0.
Во последниот сет имаше дури пет брејка, а еден гем повеќе на сервис на противникот направи Шпанецот за 6-3 и конечни 3:0 во сетови.
Така Алкараз кој и по овој турнир ќе остане на првата позиција на АТП листата, закажа финале кои сите го посакуваа.
Шпанецот ќе се обиде да ја прекине низата од пет победи по ред на Ѓоковиќ на Вимблдон.
Финалниот меч на програмата е во недела.