Елена Свиотолина и Маркета Вондрусова ќе играат во полуфиналето на Вимблдон

Ова е исходот по денешните одиграни четвртфинални мечеви во кои двете тенисерки забележаа победи.

Украинката, Свитолина ја совлада најдобрата светска тенисерка и прва носителка Ига Швјатек со 2:1 во сетови.

Во мечот што траеше 2 часа и 41 минута, Свитолина го доби првиот сет со 7-5. Во вториот се водеше голема борба по која полската тенисерка добивајќи го тај-брејкот со 7-5 на поени испеа да се избори за трет сет. Во него, уште на самиот старт Швонтек направи бреј, а во петтиот сет уште еден, но Украинката возврати со три на сервис на противничката и го доби сетот со 7-5, а мечот со 2:1.

Со тоа Свитолина се избори за своето второ полуфинале на Вимблдон (играше 2019-година), во кое противничка во полуфиналето Вондрусова која исто така во три сета беше подобра од четвртата носителка Џесика Пегула.

Чешката тенисерка го доби првиот сет со (-6-4, а вториот и припадна на Американката со 6-2. Решавачкиот трет сет почна со брејк на Пегула, но Вондрусова направи три, па го доби сетот со 6-4, а мечот со 2:1.

Кој ќе биде вториот полуфинален пар кај дамите ќе дознаеме утре, откако своите четвртфинални дуели ќе ги одиграат (2) Арина Сабаленка и Американката Медисон Кејс, односно бранителката на трофејот Елена Рибакина која за противничка ја има Онс Џабер од Tунис.