Садио Мане повеќе не е во плановите на тренерот на Баерн, Томас Тухел.
Клубот е подготвен да го продаде за 20 милиони, односно далеку помалку од сума што му ја плати на Ливерпул за неговото доаѓање во јули минатата година.
Тогаш Баварците не жалеа за парите, платија 70 милиони евра за потписот на 31-годишниот играч. Германскиот шампион очекуваше дека тој ќе биде вистинската замена за Роберт Левандовски.
Сега минхенскиот клуб брза да се ослободи од Мане по неговата очајната сезона. На 38 натпревари Мане постигна само 12 гола и асистираше за шест.
Тој ја наруши атмосферата со своето однесување по мечот со Манчестер Сити во Лигата на шампионите, удирајќи го Лерој Сане во соблекувалната, поради што беше строго санкциониран.
Самиот Мане неодамна изјави дека нема намера да ја напушти „Алијанц Арената“, на што клубот возврати со намалување на висината на обештетувањето.
За да го направи што поатрактивен во овој преоден рок, и пред време се ослободи Мане, сега Баварците го нудат за 20 милиони евра.
Веќе се заинтересирани неколку клубови. Еден од нив е Њукасл, а вториот кому тие 20 милиони не му се проблем е саудискиот Ал Ахли.
Во исто време, Баварците се обидуваат да го убедат Тотенхем да им го „остави“ Хари Кејн , но неговите први две понуди за англискиот репрезентативец беа категорично одбиени.