Македонскат женска ракометна репрезетнација не беше меѓу среќните добититнички за специјална покана за претстојното Светско Првенство. Имено Светската ракометна федерација ги подели „вајлд-картите“ и со тоа го комплетира списокот учесниците на планетарниот ракометен собир кој ќе се игра на крајот на оваа година.
Наша сениорска репрезентација откако не успеа преку баражот да се квалификува, се надеваше на специјална покана од ИХФ и беше во игра за „вајлд-карта“, но за жал не ја доби. На СП 2023 со вајлд-карта ќе патуваат Австрија и Исланд. За потсетување Светското првенство ќе се игра во Данска, Норвешка и Шведска, во периодот помеѓу 29 Ноември и 17 Декември