Актуелниот шампион и лидер во генералниот пласман во Формула1, Макс Верстапен ќе ја има пол-позицијата на трката за Големата награда во Австрија.
Возачот на Ред Бул беше најбрз денеска, па откако постави најбрзо време на тренингот и попладнево во квалификациите имаше најбрзо време со што по трет пат во низа се избори за најдоброто стартно место на трката на „Ред Бул Ринг“ во Австрија.
Холанѓанецот ќе бидат двата болиди на Ферари. Шарл Леклер ќе стартува од втората, а Карлос Саинц од тратата позиција, додека Ландо Норис на Мекларен ќе го пополни вториот стартен ред односно четвртата позиција.
По нив ќе следуваат: Луис Хамилтон во Мерцедес, па двата болиди на Астин Мартин, возени од Ленс Строл и Фернандо Алонсо.
Утре на пладне (12 часот) нé очекуваат спринтерските квалификации, а од 16 часот и 30 минути ќе се вози спринт трката, додека трката за австриското Гранд-при на програмата е во недела со старт од 15 часот.