Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу има нов клуб. Станува збор за германската екипа Падерборн.

Мислиу кој изминатата сезона го носеше дресот на Инголштад останува во Германија, но сега во станува на тимот кој настапува во Втората Бундес лига.

Според информациите од Германија, Муслиу и Падерборн потпиша двегодишен договор, со опција за продолжување за уште трета година.

Падерборн минатата сезона ја заврши на шестото место во второлигашката конкуренција, но  со амбиции во новата сезона да се избори за пласман во најдоброто „друштво“.