Нов ден, нови предизвици и очекувања од македонските спортисти кои ја преставуваат Македонија на Европските игри во Краков, Полска.
Откако вчера таеквондиската Милјана Рељиќ пропушти шанса на Македонија да и го донесе првиот медал на игрите денеска тоа ќе се обидат нејзините репрезентативни колеги.
Имено, денеска свој настап ќе имаат, таеквондисти, Анамарија и Дејан Георгиевски.
Од 17-мината спортисти што ја претставуваат нашата земја на овие игри, сестрата и братот Георгиевски се последните македонски адути за освојување на медали.
Прва ќе настапи Анамарија. Таа ќе се бори во категоријата -73 кгр, а за противничка ќе ја има хрватската претставничка Ника Клепац. Борбата на Анамарија започнува од 11 часот.
Еден час подоцна (12.00) на татамите ќе излезе и сребрениот олимпиец од Пекинг, Дејан Георгиевски. Тој во категоријата +87 кгр. ќе се бори со Италијанецот, Матиа Молина.
Борбите на нашите адути за медал ќе може да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.