Новак Ѓоковиќ ги започна подготовките за Вимблдон. По пристигнувањето на теренот, српскиот тенисер проба англиска трева, што алудира на популарниот гест кога првпат стана шампион во Лондон во 2011 година.
Ѓоковиќ симболично потсети на традицијата која никогаш не ја пропуштил по освојувањето на турнирот, со оглед на тоа што седум пати го креваше пехарот наменет за шампионот на Вимблдон, а секој пат претходно ја вкусуваше тревата.
„Се сеќавам на вкусот и уште сум гладен“,
напиша Ѓоковиќ на Инстаграм.
Во четврток, на 29 јуни, Ѓоковиќ ќе одигра егзибициски меч против Френсис Тиафо во клубот Харлингем, што воедно ќе биде негов прв дуел по триумфот на Ролан Гарос.
Турнирот во Лондон започнува на 3-ти и ќе трае до 16-ти јули, а се игра за вкупен награден фонд од 26.382.922 долари.