Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е мета на украинските тенисерки, па дури и тренери, откако започна вооружениот конфликт меѓу Русија и Украина, во кој учествува и нејзината татковина Белорусија.
Таа откри нова непријатна сцена која ја имала.
„Еден ден тренерот на еден украински играч ми рече. „Мило ми е што изгубивте“. Отидов во канцеларијата на ВТА. Плачев како бебе, не можев да зборувам. Тој ме следеше и викаше дека фрлам бомби. Ние не ја подржуваме војна. А, што очекувате од нас, да викаме нема војна?“, изјави Сабаленка.
Фантастичната тенисерка истакна дека тоа често пати и се случува бидејќи е Белорусинка.
Сабаленка се подготвува за Вимблдон, каде минатата година не учествуваше поради забраната што ја воведоа организаторите за руските и белоруските тенисери.
Сега Арина ќе се врати во Лондон, а во Берлин се подготвуваше за третиот Грен слем сезонава. Таа беше елиминирана од тој турнир во четвртфиналето, што само е потврда дека една од најдобрите светски играчи во Лондон доаѓа во нешто послаба форма, но и под голем притисок.