Уште еден млад македонски фудбалер својата кариера ќе ја продолжи во странство. Станува збор на младинскиот репрезентативец Фета Фетаи кој кариерата ќе ја продолжи во Хрватска, во тимот на Локомотива Загреб.
Ова го потврдија од ФК Работнички, чиј член досега беше Фетаи, а од каде информираа дека двата клуба ги договорија деталите околу трансферот, а фудбалерот во наредните денови ќе ги мине лекарските прегледи, по што ќе следи и официјална промоција во хрватскиот прволигаш.
Минатата сезона Фетаи одигра 13 натпревари во дресот на Работнички во првенството на Македонија или вкупно 433 минути.
Фета Фетаи ја продолжува низата на млади и талентирани фудбалери, македонски репрезентативци, кои преку Работнички направија трансфер, како: Лука Станковски, Елиф Елмас, Давид Тошевски, Методи Максимов, Ѓоко Зајков, Столе Димитриевски, Даниел Аврамовски, Дарко Велковски…