Репрезентацијата на Србија со голот на Дарко Лазовиќ во 7-та минута од судиското надополнување, се избори за бод на гостувањето против Бугарија – 1-1.

Српските фудбалери немаа помош од тројката во нападот, Јовиќ-Митровиќ-Влаховиќ, но успеаја да извојуваат реми.

Контролата на натпреварот во целост и припадна на Србија, но Бугарија одлично се покажа во нападот.

Првиот погодок на натпреварот го постигна Кирил Деспотов на стартот од вториот дел (во 47-та минута), за Бугарија да дојде до водство од 1:0. Но, во 90+7 минута нововлезениот Дарко Лазовиќ успеа да постигне гол и да и донесе бод на својата репрезентација.

 

На останатите натпревари, Кристијано Роналдо и донесе победа на Португалија од 1:0 во судиското надополнување.

Со двата гола на Халанд во само 4 минути, Норвешка убедливо славеше над Кипар со 3:1, додека Белгија рутински триумфираше над Естонија со 3:0.

Полска успеа да „прокоцка“ 2 гола предност на полувремето и загуби на гостувањето кај Молдавија со 3:2.