Македонските фудбалери посакуваат да останат не поразени на „Олд Трафорд“
Репрезентациите на Македонија и Англија вечерва на „Олд Трафорд“ во Манчестер ќе го одиграат првиот меѓусебен дуел во квалификациите за Европското првенство 2024-та во Германија.
Тоа ќе биде вкупно петти меѓусебен натпревар на овие две селекции. Традицијата е на страна на Англичаните кои два пати не поразија и тоа во Скопје, но немаат победа пред своите симпатизери.
На претходните две гостувања во Саутемптон и Манчестер, црвено-жолтите останаа не поразени.
Првиот натпревар Англичаните сеуште го паметат. Се одигра на стадионот „Сент Мери“ во Саутемптон, а „трите лава“ двапати бркаа негатива. Голот на Артим Шакири директно од корнер сеуште го паметат Англичаните кои благодарение на Дејвид Бекам и Стивен Џерард останаа не поразени.
Поседот меѓусебен дуел беше одигран токму на „Олд Трафорд“, каде се игра и вечерашниот, а заври без голови 0-0.
Најинтересните моменти од сите досегашни натпревари можете да ги видите со едноставен клик на резултатот.
«Претстојни натпревари
20.11.23 ЕП Квали 2024 GER Македонија 20: 45 Англија
19.06.23 ЕП Квали 2024 GER Англија 20: 45 Македонија
«Претходно одиграни натпревари
07.10.06 ЕП Квали 2004 АUT/SUI Англија 0 – 0 Македонија
06.09.06 ЕП Квали 2004 АUT/SUI Македонија 0 – 1 Англија
06.09.03 ЕП Квали 2004 POR Македонија 1 – 2 Англија
16.10.02 ЕП Квали 2004 POR Англија 2 – 2 Македонија