Италија ќе се соочи со Шпанија во полуфиналниот дуел од Лигата на нации, а Роберто Манчини има прилика да освои конечно трофеј по две пропуштени Светски првенства.
Италијанскиот фудбал доби поттик откако три клуба од Италија играа во европските финалиња оваа сезона, но за зал сите беа поразени. Манчини вели дека тие беа многу несреќни и дека ниту еден италијански клуб не заслужи да го загуби финалето.
„Тоа беше многу позитивно за нас. Мислам дека беа многу несреќни бидејќи ниту една од трите не заслужи да го загуби своето финале. Но, понекогаш фудбалот е суров и чуден. Помина лошо иако сите три екипи веројатно можеа да победат.“ – вели италијанскиот стратег.
Тој вели дека и младите играчи имаат голема улога за пласман до полуфиналето, бидејќи квалификациите Италија ги играше со голем број младинци.
„И на Светското првенство за играчи до 20 години, Италија се пласираше во финалето и не треба да го занемариме тоа. Тие завршија многу добра работа. Тие се добри играчи. По втор пат стигнавме до финалето на Лигата на нации и тоа е добро достигнување, особено затоа што групната фаза ја игравме со неколку младинци. Освојувањето на трофејот би било многу важно, очигледно, и ние сигурно ќе дадеме се од себе“, додаде Манчини.
Полуфиналниот натпревар на програмата започнува денеска во 20:45 часот.