Репрезентациите на Холандија и Хрватска во Ротердам го играат првиот полуфинален натпревар од завршниот турнир во УЕФА Лигата на нациите.

Голема „борба“ водат на теренот фудбалерите на двете репрезентации, но „битка“ се води и на трибините меѓу домашните и хрватските навивачи. Според пишувањата на хрватските медиуми, над 15.000 Хрвати им даваат поддршка на „коцкестите“ во обид да се изборат за финалето.