Вкупниот паричен награден фонд на неофицијалното светското тениско првенство како го нарекуваат Вимблдон се искачи на рекордни 44,7 милиони фунти (56,52 милиони долари).
Тоа е зголемување од 11,2% во однос на претходната 2022 година, соопшти денеска организаторите на третиот овогодишен Гренд слем.
Освен за трофејот, тенисерите и тоа како ќе бидат мотивирани да одиграат што е можно подобро, почнувајќи од квалификациите за кои предвидено е зголемување на паричната награда од 14,5% во однос на минатата година, додека секој играч што ќе загуби натпревар во првото коло е обезбеден од најмалку 55.000 фунти или зголемување од 10% во 2022 година
Нормално оние што ќе играат во финалето добро ќе се „омрсат“.
За победниците во сингл конкуренција ќе заработат 2,35 милиони фунти, додека финалистите по 1,175 милиони фунти.
Грен слем турнирот на Вимблдон ќе се игра од 3 до 16 јули.