Македонската А репрезентација се подготвува за квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 против Украина на 16. јуни (петок) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Натпреварот против Украина пред попладневниот тренинг на македонската селекција го најавија младиoт репрезнтативeц, Јован Манев.
„Нé очекуваат многу тешки натпревари. Оптимисти сме, ќе дадеме се од себе да ги победиме Украинците, фокусирани сме на тој натпревар, но нема да биде лесно. Имаме голема почит кон противникот, Украина е талентиран и одличен тим. Тоа го потврдија и на пријателски натпревар против Германија.
Верувам дека ние помладите даваме дополнителен импулс во нашата репрезентација. Се разбира дека имаме голема почит кон поискусните.
Тие се наша голема поддршка. Верувам дека заеднички придонесуваме за подобра енергија во тимот. Важно е да ги исполниме задачите од селекторот.
Ако тоа го направиме на терен, убеден сум дека ќе оствариме позитивен резултат“, изјави Манев.
Дуелот Македонија – Украина што ќе се игра на арената „Тодор Проевски“ во петок, ќе започне од 20:45 часот.