Холандија е домаќин на завршниот финален турнир во УЕФА Лигата на нациите, па разбирливо што оптимизмот за првиот трофеј во ова натпреварување е голем. Прва пречка кон зацртаната цел е репрезентацијата на Хрватска.
Селекторот на Холанѓаните, Роналд Куман смета иако е оптимист пред се поради предноста на домашниот терен, сепак предупредува дека противникот е исклучително квалитетен.
„Го очекуваме натпреварот бидејќи е полуфинале, а играме во Холандија. Имаме добар тим и имаме многу енергија да стигнеме до финалето. Но, Хрватска е навистина силен тим. Тие имаа голем успех во последните неколку години, така што ќе биде тешко“, вели холандскиот селектор.
Дуелот Холандија – Хрватска ќе се игра вечерва во Ротердам од 20.45 часот.