Хрватска против домаќинот на завршниот финален турнир Холандија, ќе игра во првото полуфинале на УЕФА Лигата на нациите.
Јасно им е на Хрватите дека ќе имаат тепка задача во вечерашниот меч против Холанѓаните кои не знаат за пораз на домашен терен во последните девет натпревари.
Сепак селекторот на „коцкестите“ Златко Далиќ е оптимист и вели дека тире се дојдени во Холандија не да играат финале туку да го освојат медал.
„Ова е големо достигнување, да се биде меѓу четирите најдобри селекции во Европа.
Тоа што го направивме во со квалификациите е веќе голем успех, но дојдовме овде да освоиме медал.
Работевме напорно за ова и ние сакаме да го покажеме тоа овде“, изјави Златко Делиќ, селектор на Хрватска.
Натпреварот Холандија – Хрватска ќе се игра вечерва од 20.45 часот.