Репрезентацијата на Украина, која во петок гостува во Скопје, на нашата најдобра фудбалска селекција во квалификациите за ЕУРО 2024, одигра контролен натпревар со домаќинот на шампионатот Германија.
Секунди ги делеа Украинците до победа над Германците кои во последните минути постигнаа два гола за на кракот резултатот да биде израмнет 3:3.
Со голот на Филкруг во 6.минута Германците први поведоа. Сепак во продолжението три гола во мрежата на „панцирните“. Циганков беше стрелец на два од нив во 18-тата и 56-тата минута, а во меѓувреме и Ридигер си постигна автогол, за предност од 3:1.
Во финишот на мечот Каи Хаверц во 83. минута намали на 2-3, а потоа во судиското дополнение Џошуа Кимих од пенал ги постигна конечните 3-3.
Со денешниот настап, Украинците потврдија дека ќе бидат тежок противник за македонските фудбалери, кои пак се надеваат на поддршка од трибините и со голема борбеност да им се реваншираат за поразот на ЕП во 2020-година.