Поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб Милан, кој подоцна раководеше со Монца, Силвио Берлускони, почина на 86-годишна возраст.
Според медиумите на Апенините тој во петокот бил хоспитализиран во болницата Сан Рафаеле болен од леукемија.
Тој е запаметен како некој кој го направи Милан еден од најдобрите клубови во светот во тоа време и некој кој целиот свој живот му го посвети на фудбалот.
Под негово водство Милан освои вкупно 28 трофеи, пет пати Лигата на шампионите и Суперкупот на Европа, осум пати шампион на Италија, три пати светски клупски шампион, еден Куп на Италија и шест пати Суперкуп на Апенинскиот полуостров.
Последниве години беше сопственик на Монца од која сакаше да направи голем клуб, нешто како Милан, а Златан Ибрахимовиќ неодамна зборуваше како Берлускони во неколку наврати го повикал да го засили овој клуб, но Швеѓанецот реши да се повлече.
Берлускони во неколку наврати ја извршуваше функцијата премиер на Италија, а често пати беше поврзуван и со големи скандали.
 
             
		