Онс Џабер и Маја Беатриз Хадад, ќе играат во четвртфиналето на Роланд Гарос,
Ова е исходот по првите два осминафинални дуели од денешната програма на Гренд слемот во Париз, во кои (7-носителка) Тунижанката, Онс Џабер во два сета ја победи Американката Пера Бернарда со 6:3 и 6:1.
Нејзината противничка Бразилката, Маја Беатриз Хадад која е 14-то рангирана на Роланд Гарос одигра маратонски меч што траеше речиси 4 часа, за со 2:1 да ја победи Сара Сориби Тормо од Шпанија која е дури на 132-то место на ВТА листата.
Бразилката го загуби првиот сет во тај-брејкот (3-7 на поени), а вториот го доби со 6-3, за во решавачкиот трет сет повторно да се води голема борба, по која Хадад излезе како победничка добивајќи го сетот со 7-5, а мечот со конечни 2:1.
Последниот четвртфинален пар кај дамите ќе го дознаеме по мечевите во кои ќе играат првата фаворитка Ига Швјатек од Полска и Лесија Цуренко од Украина, односно 6-тата носителка Американката, Коко Гаф која за противничка ќе ја има Ана Каролина Шмидлова од Чешка.