Актуелниот светски шампион и лидер во Генералниот пласман во Формула 1 шампионатот, Макс Верстапен беше доминантен на денешните две тренинг сесии во Барселона.
Двократниот светски шампион со својот Ред Бул го извози најдоброто време за 1:13.907, на патеката Каталуња, најавувајќи дека и на Гранд-прито на Шпанија ќе биде топ фаворит.
На првиот тренинг, неговиот тимски колега Серхио Перез имаше втор резултат, по што следуваше времето на Естебан Окон од тимот на Алпине.
Верстапен беше најбрз и на вториот тренинг и тоа за 0,170 секунди, од ветеранот Фернандо Алонсо на Астон Мартин, додека Нико Хулкенберг од тимот на Хас имаше трето време.
Естебан Окон во својот Алпин имаше четврто време на вториот тренинг, пред двете Ферари – Шарл Леклер и Карлос Саинц.
Седми беше Џорџ Расел во Мерцедес, пред Валтери Ботас во Алфа Ромео и Пјер Гасли во Алпино. Луис Хамилтон беше десетти.
Третиот тренинг се одржува во сабота од 12:30 часот, квалификациите почнуваат во 16 часот, додека трката за Големата награда на Шпанија на програмата е во недела.