Во Каунас, Литванија, денеска стартува завршниот „фајнал-фор“ турнир во кошаркарската Евролига. Четири тима се во трка за наследник на турскиот Анадолу Ефес кој во изминатите две сезони го освојуваше шампионскиот трофеј, а годинава го нема на завршницата.

Три од четирите екипи веќе биле европски клупски шампиони (Реал Мадрид, Барселона и Олимпијакос), а единствено францускиот Монако нема почувствувано како е да се биде шампион во најквалитетната конференција.

Иако навидум тимот од кнежеството, барем на хартија“ е аутсајдер, сепак тренерот Саша Обрадовиќ има свои адути пред се во некогашната НБА ѕвезда Мајк Џејмс кој е „мозок“ на тимот.

Монако за противник во полуфиналето ќе го има грчкиот Олимпијакос кој зад себе веќе има три шампионски трофеи, а е предводен од тренерот Барцокас кој има најмногу настапи на завршните турнири. Последен пат тимот од Пиреа беше шампион во 2014-тата  кога ја освои својата трета вкупно, а втора последователна титула.

Кој од овие два тима ќе се избори за финалето, а со тоа и шанса за трофејот ќе дознаеме по одигрувањето на првиот полуфинален дуел.

Во вториот. Ќе играат лутите шпански ривали Реал Мадрид и Барселона.

„Кралевите“ се изнамачија да стигнат до Каунас откако во четвртфиналната рунда одиграа пет супер тешки натпревари со белградски Партизан. Но, затоа нивниот противник Барселона лесно во три натпревари го мина Жалгирис. Оттаму јасно е дека литванската публика ќе биде повеќе наклонета кон Реал, иако Барса ја предводи литванската легенда и миленик на навивачите на Жалгирис, Шарунас Јасикевичиус.

Реал е најтрофејниот во историјата со 10 титули, последната од 2018-тата, додека Барса по пауза од 13-години се надева дека ќе стигне до нов шампионски пехар што би бил трет во историјата на каталонската екипа.

ЕВРОЛИГА ФАЈНАЛ-ФОР 
19 мај (петок) 1/2 ФИНАЛЕ
17.00 МОНАКО – ОЛИМПИЈАКОС ИГОР
20.00 БАРСЕЛОНА – РЕАЛ МАДРИД ИГОР
21 мај (недела) ФИНАЛЕ
16.00 за 3-место
19.00 финале