Манчестер Сити втор пат во историјата ќе игра во финалето на Лигата на шампионите.
По големата победа над сеуште актуелниот европски првак Реал, тренерот на Сити, Пеп Гвардиола не ја криеше радоста и па желбата да се прослави успехот со своите играчи придонесе Шпанецот, многу помалку од вообичаеното да биде краток во своите изјави по натпреварот
„Кога ќе стигнете до финалето на Лигата на шампионите, треба да славите. Играчите беа извонредни. Во вакви фази, во вакви типови на натпревари, Бернардо (Силва) е секогаш тука. Тој е еден од најдобрите играчи што сум ги видел во мојот живот“,
изјави Гвардиола, по мечот со Реал,
Што се однесува до самиот дуел со Реал, искусниот Шпанец рече:
„Имав чувство дека играчите се подготвени. Беа смирени, правеа многу шеги, па не почувствував тензија или вознемиреност. Чувствував дека сме подготвени да дадеме се од себе. Финалето против италијански тим е најдобриот подарок, искрено. Интер се конкурентни. Имаме време психички да се подготвиме“.
Но, до финалето Пеп и неговите избраници ги очекуваат и предизвиците за освојување на Премиер лигата, како и трофејот во ФА Купот.