Речиси никој и да нема слушнато за унгарскиот тенисер Фабиан Марожан. А, токму тој денеска ја направи најголемата сензација.
23-годипниот Морожан кој е на 135-тото место на АТП листата во четвртфиналето на Мастерсот во Рим го елиминира Карлос Алкараз.
Сензацијата е дотолку поголема што младиот Унгарец, победата ја оствари во два сета и тоа првиот добивајќи го убедливо со 6-3, а во вториот беше подобар од Шпанецот во тај-брејкот со 7-4 на поени (7-6), нанесувајќи му го првиот пораз сезонава на шпанскиот тенисер.
Очигледно дека Алкараз е „опиен“ од моментумот дека веќе следниот понеделник, кога ќе биде објавена најновата АТП листа (оваа седмица – понеделник нема ново рангирање), ќе го симне од првата позиција Новак Ѓоковиќ кој останува во игра за освојување на трофејот на турнирот во Рим.