Охрид од следната сезона ќе гледа Прволигашка кошарка. Ова откако попладнево ГКК Охрид ја доби „мајсторката“ со штипски Соколи и со 2:1 во победи беше подобар во полуфиналната серија од плеј-офот на Втората лига. 

Во прекрасна атмосфера во салата „Биљанини Извори“ кошаркарите на Охрид да самиот почеток го наметнаа своето темпо и континуирано го контролираа резултатот, за на крајот да слават со конечни 64-55. 

Така Охрид по пауза од 4 години повторно ќе биде дел Првата лига.

За двете екипи останува уште по една обврска. Охриѓани против Вардар ќе го одиграат финалниот натпревар кој ќе го даде шампионот во Втората лига, а штипски Соколи и Ангели од Кисела Вода ќе играат во дуелот за третото место.

Втората лига ја напуштија Баскет Кам и Струга, додека на останатите второлигаши догодина ќе им се приклучат Куманово и Струмица како најслабо рангирани тимови сезонава од Првата лига.