Откако една македонска легенда, Аријан Адемим си замина од „Максимир“, втора Стефан Ристовски е новата „икона“ на хрватскиот шампион Динамо Загреб.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација е еден од ретките фудбалери на загрепскиот тим кој ја има минато границата од 100 настапи во дресот на популарните „модри“.
Иако таа бројка веќе ја надмина, сепак раководството на тимот од „Максимир“ не заборави на Македонецот.
Ристовски како знак на благодарност, пред одигрувањето на последниот првенствен натпревар во хрватскиот шампонот, меѓу Динамо и Шибеник, кој домаќините го добија со убедливи 4:0, доби посебен дрес со бројката 100.