Дуелот од 36.коло во англиската Премиер лига меѓу Челзи и Нотингем Форест заврши нерешено со 2:2. Екипата на Стивен Купер обезбеди важен бод во борбата за опстанок во Премиер лигата.
Прекрасната асистенција на Ренан Лоди „како со рака“, во гол ја претвори Таиво Авонији во 13-та минута, за Нотингем Форест да поведе со 1:0. Поседот на топката до крајот на првиот дел им припадна на „сините“ од Лондон, но не креираа поголеми закани кон голот на Кејлор Навас. По повредата на клучниот играч во средниот ред на Челзи, Матео Ковачиќ, во финишот на првиот дел (45+1), Франк Лампард мораше да направи принудна измена и на негово место во игра влезе Рубен Лофтус-Чик. Резултатот на полувремето беше 1:0 за гостите.
Одличниот старт на Челзи во вториот дел беше „крунисан“ со погодок, кој го постигна Рахим Стерлинг во 51-та минута за израмнување на резултатот (1:1). По само 8 минути игра во продолжението (59-тата минута), Стерлинг постигна прекрасен погодок и со својот втор гол денеска и донесе водство на својата екипа од 2:1. Радоста на „Стемфорд Бриџ“ кратко траеше, бидејќи Авонији повторно стрелаше и изедначи на 2:2 во 62-та минута. Крајниот резултат беше 2:2.
Челзи останува во средината на табелата (11-то место) со 43 освоени бодови, додека Нотингем со 34 бодови се наоѓа на шеснаесеттото место,3 повеќе од Лидс и два повеќе од Евертон, кој има натпревар помалку.
Екипата на Саутемптон на домашен терен загуби од Фулам со 2:0, и официјално испадна од Премиер лигата. После 8 натпревари суспензија, Митровиќ се врати на теренот и го постигна вториот гол за Фулам.