Српскиот кошаркар Никола Јокиќ не застанува со импресивните настапи во најсилната светска кошаркарска лига. Двократниот МВП, го предводеше Денвер до нов триумф над Феникс со 118-102 со што „Нагедс“ поведоа со 3:2 во победи и ги дели уште една од пласман во финалето на Западната конференција. 

Јокиќ натпреварот го заврши со трип-далб со 29 поени, 13 скокови и 12 скокови. Тоа е негов петти натпревар во плеј-офот во кој ја минува границата од 25+ поени, 10+ скокови, 10+ асистенции. Повеќе од него во оваа категорија имаат само тројца играчи Леброн Џејмс (22 натпревари), Расел Вестбрук (9 натпревари), Оскар Робертсон (8 натпревари), а по Јокиќ (5 натпревари) следуваат Џејмс Харден (4 натпревари) и Меџик Џонсон (4 натпревари). 

Воено Никола Јокиќ стана вториот играч во историјата на НБА со 300 поени, 100 скока и 75 асистенции во неговите први 10 натпревари од последна сезона, приклучувајќи му се на легендарниот Оскар Робертсон кој ваков учинок имал во далечната 1963 година.

Својата доминацијата Јокиќ ја потврди минувајќи уште една НБА легенда на вечната листа, а станува збор за Вилт Чемберлен, па сега Јокиќ е центарот со најмногу остварени трип-дабл учиноци на играчите на оваа позицја.

Повеќе од јасно е дека Србинот како да го налути тоа што НБА реши сезонава признанието МВП да му го додели на Џоел Ембид, а па Јокиќ да не стане првиот играч во НБА што три сезони во низа бил прогласуван за најдобар.