Вечерва ќе се одигра големото миланско дерби на вечните ривал, во кое Милан ја има улогата на домаќин против Интер и Милан, но за првпат во Лигата на Шампионите од далечната 2004/05 сезона.

Пред овој важен натпревар главниот „мозок“ на Интер, Инзаги одговарајќи на прашањата од новинарите, потенцира дека главен проблем ќе биде „главата“ (психолошкиот).

„Пласман до полу-финале од Лигата на Шампионите, финале во Копа Италија и неодамнешните резултати од Серија А лигата, нé подготвија за овој натпревар. Ова е големо дерби и знаеме колку е важна победата за нас, како и на нашите навивачи. Тимот се чествува супер, мораме да играме со глава и да ги оставиме срцата на терен на двата меча. Не сум загрижен за нивните срца, но потешко ќе биде размислувањето со главата во текот на сите 180 минути. Сите ги знаеме квалитетите на Леао, но Милан не се тим кој игра само контра-напад, напротив имаме одлични дриблери и мораме да бидеме најдобри на целиот теренот. Имаме изгубено важни натпревари во лигата, си ветивме дека ќе ја игнорираме тоа и ќе играме фудбал“, изјави Инзаги.

Дербито Милан – Интер ќе биде одличен двомеч меѓу вечните ривали, а почетокот на првиот е вечерва во 21 часот.