Актуелниот првак во НБА лигата, тимот на Голден Стејт е пред елиминација во полуфиналето на Западната конференција. Ова откако „Воините“ го загубија четвртиот дуел со Лос Анџелес Лејкерс со 104-101 со што “Езерџиите“ поведоа со 3:1 во победи
Во израмнет и докрај неизвесен натпревар, херој на „Лејкериси“ беше Лони Вокер кој сите свои 15 поени ги постигна во последната четвртина.
Леброн Џејмс со 27 поени и Ентони Дејвис со 23 поени повторно беа најефикасните играчи во тимот од Лос Анџелес, па во сенка остана трипл-дабл учинокот на Стеф Кари кој на 31 поен, додаде и 14 асистенции и 10 скокови.
Првата „меч“ топка за влез во финалето „Лејкерси“ ќе ја имаат во четврток наутро и тоа на гостувањето во Сан Франциско.
Потсетување дека шампионот Голден Стејт, последен пат во плеј-офот имал негатива од 1:3 во победи, во 2016 година во дуелот со Оклахома, но „Воините“ со три врзани победи успеаја да ги минат, а потоа и да се пласираат во големото финале во кое загубија од Кливленд.