Двајцата одлични тренери кои сосема различно ја извршуваат својата работа, Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола повторно се среќаваат во полуфиналето на Лигата на шампионите.
„Камбекот“ на Реал Мадрид против Манчестер Сити во полуфиналето од минатата сезона беше хаотичен во крајност. Некои шпекулираа дека тоа е магијата на „Бернабеу“. „Кралевите“ во само две минути (во судиското надополнување) успеаја да постигнат два погодоци за продолжение, со што следеше и триумф над Сити и пласман во големото финале.
Во меѓусебните дуели на овие два легендарни тренери, Пеп има шест победи (5 против Евертон, еден против Реал) , а Карло Анчелоти 3 (сите со Реал).
Имено, тие го делат врвот за најмногу настапи во полуфиналето на Лигата на шампионите, односно Гвардиола ја водел својата екипа до полуфиналето 10 пати, додека Анчелоти еднаш помалку (девет).
Чија тактика ќе биде поуспешна останува да видиме вечерва по натпреварот што почнува од 21 часот.