Екипата на Лос Анџелес Лејкерс славеше убедливо со 30 поени разлика (127-97) против актуелниот шампион Голден Стејт и поведе со 2:1 во победи во полуиналето од Западната конференција на НБА плеј-офот. 

Дуелот одигран во Лос Анџелес гостите го започнаа одлично имаа и 10-поени предност во првиот период, но од вториот па се до крајот едноставно „езерџиите“ доминираа. 

Ентони Дејвис оствари дабл-дабл учинок со 25 поени и 13 скокови, Леброн и Расел постигнаа по 21 поен, додека кај Голден Сстејт, Стеф Кари реализираше 23 поени. 

И следниот натпревар во серијата подобар до четири победи се игра во Лос Анџелес во вторник наутро во 4 часот