Лука Дончиќ има големо срце, а го преплави тага по трагичниот настан во белградското училиште „Владислав Рибникар“, каде беа убиени осум ученици и еден член на обезбедувањето.
Асот на Далас „Маверикс“ одлучил преку својата Фондација да ги плати сите погребни услуги за жртвите како и советување за неговите пријатели и персонал, потврди за „ЕСПН“ портпаролот на Фондацијата Лука Дончиќ.
Дончиќ, кој има српски корени, баба, тетка, вујко и братучеди тинејџери кои живеат во регионот, планира да биде дел од секое долгорочно олеснување што ќе дојде од овој трагичен настан.
„Моето срце е скршено од трагичното пукање во училиште во Србија и загубата на животи, вклучително и оние на невините училишни деца. Моите мисли се со семејствата и со целата заедница погодена од оваа трагедија“, напиша Дончиќ на својот Твитер профил