Екипата на Наполи е на само еден бод од титулата во италијанската Серија А пред дуелот на гостински терен против Удинезе.
Тренерот на „Наполитанците“, Лучијано Спачети, жали за разочарените лица на навивачи по натпреварот против Салернитана и се надева на триумф вечерва.
„Жал ми е што го гледам разочарувањето на нашите навивачи на натпреварот против Салернитана. Ние се храниме со нивната среќа, но стадионот ни даде до знаење за каков потфат се работи. Ова е она за што сонував кога пристигнав овде. Имаме уште шест натпревари и треба да ги одиграме добро. Работата уште не е завршена, кога ќе ја завршиме ќе размислуваме на прославите. После тоа ќе почнеме повторно. Удинезе напаѓа со многу играчи во шеснаесетникот, ќе мора да бидеме внимателни. Тоа е важен клуб за мојата кариера“. –вели Спалети.
Со бод или победа на гостувањето во Удине, Лучијано Спалети, на 64 годишна возраст ќе стане највозрасниот тренер во историјата на Серија А што освоил Скудето.
Натпреварот меѓу Удинезе и Наполи ќе се одигра вечерва со почеток од 20:45 часот.