Искусниот ракометен тренер Никола Матлиески е новиот предводник на ГРК Тиквеш, објавија од клубот.
Матлиески доаѓа на местото на Данило Брестовац кој замина од Кавадарци и стана нов селектор на Обединетите Арапски Емирати.
Тимот кој игра одлична сезонава брзо најде замена, па Матлиески, ја прифати понудата и ќе го предводи кавадаречкиот тим до крајот на оваа сезона, со можност соработката да биде продолжена и во наредната сезона.
Своето деби на клупата на новиот клуб, Матлиески ќе во Битола, каде Тиквеш во недела ќе му гостува на вториот тим на Еурофарм Пелистер.
Инаку Матлиески сезонава го предводеше тимот на Голден Арт, со кој не успеа да избори место во плеј-оф конкуренцијата, па соработката беше прекината.